„Осумката“ за Пјаниќ: Не можам да го замислам Меси во друг клуб!

фото: твитер

Како што и најавуваа од клубот, денеска Каталонците го промовираа своето ново летно засилување кое дојде од Јувентус, босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ.

Со Барселона потпиша договор на четири години и откупна клаузула од дури 400 милиони евра.

30-годишниот Босанец не го криеше задоволството што ќе игра во иста екипа заедно со Лионел Меси.

– Не можам да го замислам Меси во ниту еден друг клуб. Тој е гигант од фудбалер, најдобар на сите времиња. Среќен сум што ќе остане. Ќе биде уникатно искуство да се дели соблекувалната со „вонземјанин“ – рече Пјаниќ.

Дојде во Барса од Торино за обесштетување од 60 милиони евра (плус бонуси пет милиони), што го направи најскап фудбалер на БиХ на сите времиња. Рекордот го држеше Един Џеко кој Манчестер сити го плати 37 милиони евра.

Пјаниќ ќе биде меѓу ретките кои играле и со Меси и со Роналдо!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот