Пјаниќ ќе биде меѓу ретките кои играле и со Меси и со Роналдо!?

фото: sportbible.com

Деновиве се шпекулира дека Миралем Пјаниќ од следната сезона ќе ги брани боите на Барселона.

Босанскиот интернационалец се очекува да биде дел од размената на играчи помеѓу Барса и Јувентус, односно дресот на „Старата дама“ да го облече Артур.

Пјаниќ (30) на тој начин би бил еден од ретките фудбалери кои успеале да играат во ист тим со едни од најдобрите во фудбалската игра Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Играчи кои во кариерата играле и со Роналдо и со Меси:

– Деко (Португалија, Барселона)
– Габриел Хајнце (Аргентина, Манчестер јунајтед)
– Пауло Дибала (Аргентина, Јувентус)
– Андре Гомеш (Барселона, Португалија)
– Гонзало Игуаин (Аргентина, Јувентус)
– Нелсон Семедо (Барселона, Португалија)
– Жерар Пике (Барселона, Манчестер јунајтед)
– Анхел ди Марија (Аргентина, Реал Мадрид)
– Карлос Тевез (Аргентина, Манчестер јунајтед)
– Хенрик Ларсон (Манчестер јунајтед, Барселона)
– Езекиел Гарај (Аргентина, Реал Мадрид)
– Фернандо Гаго (Аргентина, Реал Мадрид)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот