Осум дена притвор за насилникот од автокампот Градиште

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка, со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во автокампотот Градиште во Охрид извршил грубо насилство врз три лица.

„Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Обвинителството, па со решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од осум дена“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка, со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, како што се наведува, осомничениот го сторил кривичното дело „насилство” од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот