Остров на кој можете да летувате до крајот на октомври

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Кипар годинава е една од омилените летни дестинации на туристите, а времето на Кипар во зима не е исто како во Грција или Турција.

Температурите се многу пријатни и одењето на Кипар е вистинската одлука доколку сакате да избегате од ладно време.

Топлото и сончево време кое може да се искористи до крајот на октомври, во комбинација со висококвалитетни хотели, врвно шопинг искуство, гастрономско задоволство на највисоко ниво, како и одличниот ноќен живот, го прават Кипар една од туристичките дестинации што можете да ги посетите во текот на целата година.

Кипар е трет по големина остров во Средоземното Море, по италијанските острови Сицилија и Сардинија , и по површина и по население. Кипар , грчки Кипрос , турски Кибрис , остров во источното Средоземно Море познат уште од античко време по своето минерално богатство, извонредните вина и производи и природната убавина.

Населен повеќе од 10 милениуми, Кипар се наоѓа на културен, јазичен и историски крстопат меѓу Европа и Азија. Денес Кипар е популарна туристичка дестинација за посетителите од Европа, омилена од новите брачни парови, како што доликува на легендарниот дом на Афродита, античката грчка божица на љубовта.

Рајскиот остров Кипар е дефинитивно одлична летна дестинација, која може да се искористи дури и во текот на есента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот