Оставки во Кризниот штаб на Црна Гора: Расте бројот на новозаразени со коронавирус

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Д-р Немања Радојевиќ денеска поднесе оставка од членството во кризниот медицински персонал формиран од Црногорското национално координативно тело за инфективни болести (НКТ).

Тој рече дека оставка поднел и шефот на Штабот, проф. д-р Ранко Лазовиќ.

– Веќе неколку месеци сме сведоци на предизборни и постизборни настани. Тешко е да не се најде аналогија со Иво Андриќ за чума и колера кога рече дека болестите се менуваат, а однесувањето не. Целта е здравјето на луѓето. Поднесов оставка на седницата на кризниот медицински штаб, која заврши пред еден час, рече Радојевиќ.

Кризниот медицински штаб беше формиран од НКТ на 25 март, со цел да ги преземе сите активности потребни за продолжување на успешното соочување на Црна Гора со пандемијата на коронавирус и управувањето со целиот црногорски здравствен систем во наредниот период.

Директорот на Институтот за јавно здравје Бобан Мугоша, на прес-конференцијата на НКТ изјави дека епидемиолошката состојба во Црна Гора станува сè покомплицирана и дека за тоа придонеле и најновите настани во земјата.

– Бројот на пациенти е загрижувачки, и без оглед на сè што се случува – мерките остануваат исти, ако сакаме да спречиме понатамошен раст на инфекцијата. Тоа се мерки што постојано ги повторуваме, а тие се носење маски, физичко растојание, избегнување собири со многу луѓе, одржување на хигиената на рацете, додаде тој.

Во Црна Гора, регистрирани се 106 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 100, а од почетокот на годината 109.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1278. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 5.659.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот