Оставката на Заев, шпекулација или одлука?
По вчерашниот одлука во Брисел Македонија да не добие датум за почеток на преговорите, денеска се погласни се шпекулациите дека премиерот Зоран Заев планира да поднесе оставка од премиерската фунција.
Препорачано
Нејасно е дали таа оставка би значела предвремени парламентарни избори веднаш, или пак Заев само ќе го врати мандатот за формирање на влада, по што претседателот на државата Стево Пендаровски може да му го додели на некој друг од владејачката партија.
Што ќе се случи ако премиерот денеска поднесе оставка беше прашан и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој одговори дека тоа значи формирање техничка влада и нови парламентарни избори.
Од Владата не ја демантираат ниту ја потврдуваат оваа шпекулација.
– Во тек се консултации на високо ниво, а одлуките ќе се носат исклучиво водејќи се од интересите на државата и на граѓаните – велат за „Слободен печат“ високи владини извори.
Кога ќе бидат донесени овие одлуки и кога ќе и бидат соопштени на јавноста засега не се открива.
Заев пред два дена рече дека нема да бега од политичката одговорност за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
33мин
-
48мин
-
49мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


