Осомничениот за пукањето во Ковачевиќ: Ова е сценарио за Нетфликс

Дарко и јас бевме цимери и имавме добар и пријателски однос. Никогаш не сме се замериле, изјави за „Марка“ Раул Браво, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Раул Браво конечно се огласи по сомневањата дека тој е замешан во пукањето на поранешниот српски репрезентативец, Дарко Ковачевиќ, на 7 јануари во Атина. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и соиграч на Ковачевиќ во Олимпијакос, за радио „Марка“ ги отфрли обвинувањата дека поради него е застрелан Ковачевиќ.

– Тоа се глупости. Овие работи не допираат до мене, но моето семејство чита во медиумите се што се објавува. Дарко и јас бевме цимери и имавме добар и пријателски однос. Никогаш не сме се замериле. Дури ни на Нетфликс не можете да најдете филм како што се обидуваат медиумите во Србија да направат – вели Раул Браво.

Тој прстот го впери кон Србија и тамошните медиуми кои постојано објавуваат невистини во борбата за читатели.
– Еден таблоид во Србија ќе објави нешто и вие нормално ќе останете шокирани. Тоа што не се продаваше, одеднаш почнува да се продава бидејќи објавија дека јас сум сакал да го убијам Дарко. Моето семејство беше исплашено, но знаев дека Дарко ќе се смее кога ќе ја види таа информација. Тој ми се јави по два дена и единствено за што му замерувам е тоа што зошто толку многу му требаше за да ми се јави.

Дека Раул Браво нема никаква врска со пукањето на Дарко Ковачевиќ потврди и бизок пријател на поранешниот српски фудбалер.
„Дарко не сака да се појавива во јавноста бидејќи медиумите постојано објавуваат невистини. Исто така, не е вистина дека Раул Браво бил замешан во нападот врз Дарко“, изјави близок пријател на Ковачевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот