Поранешен фудбалер на Реал Мадрид замешан во пукањето на Ковачевиќ

tviter

Неверојатни информации поврзани со обидот за убиство на поранешниот српски репрезентативец.

Пред десетина дена во Атина беше застрелан Дарко Ковачевиќ, мотивите за нападот сè уште не се познати, но денеска во грчките медиуми се појави неверојатна информација дека зад нападот стои неговиот поранешен соиграч и пријател, Раул Браво.

EPA-EFE/SALAS

Тие двајца играа заедно во грчкиот шампион Олимпијакос, а Раул Браво во еден момент од кариерата го носеше дресот и на Реал Мадрид.

Се претпоставува дека причина за нападот се местенките во фудбалот поради кои Браво неодамна беше уапсен во Шпанија. Тој беше организатор на групата која се занимаваше со местење на фудбалски натпревари и перење на пари.

Поранешниот српски репрезентативец знаел за тоа што Раул Браво го работел во последните неколку години и наводно почнал да зборува одредени детали на негови пријатели, а тоа го дознале поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и неговата група и поради тоа го застрелале Ковачевиќ.

Ковачевиќ бил застрелан во ногата како предупредување дека треба да молчи и да се зборува работи кои може да излезат во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот