Осомничениот убиец на малечката Медлин од затвор пишува писма: Невин сум, времето ќе покаже

Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен, Кристијан Брикнер, започнал кампања со пишување писма за да ја убеди јавноста дека нема никаква врска со нејзиното исчезнување пред 16 години од летувалиште во Португалија.

Полициските сомнежи за осудениот сексуален престапник Брикнер предизвикаа нов голем развој во случајот оваа недела, бидејќи полицајците ја пребараа браната на околу 50 километри од местото каде што исчезна Медлин во Португалија.

Се чини дека 45-годишникот напишал серија писма со надеж дека ќе привлечевнимание во неговата кампања за да биде ослободен од каква било поврзаност со случајот, истакнува Дејли Мејл.

Писмото, испратено само неколку дена пред почетокот на овонеделните истраги, јасно ја покажува неговата опсесија преку медиумите да ги убеди властите и јавноста дека е невин и дека нема вмешаност во киднапирањето на Медлин.

Графологот Трејси Трусел, која го испита последното писмо и другите што ги испратил во текот на изминатите две години, рече дека тие покажале дека Брикнер бил „заблуден“ и дека неговите „погледи на фантазијата се фиксни, непроменливи“.

Таа рече дека неговите писма укажуваат на некој што сака да „владее и контролира“, но и „некој кој страда од чувство на вина“. „Каква и да е вистината, има потреба постојано да го храни неговото его и неговата крајна цел е да добие некакво признание “, продолжува тој.

Инспекторите кои го истражуваат Брикнер, кој одлежува седум години затвор за силување, инсистираат на тоа дека имаат „опипливи докази“ дека Медлин е мртва – и тие веруваат дека тој ја убил.

Во едно мајско писмо тој пишува: „Никогаш не можете да замислите како е кога целиот свет мисли дека сте убиец на деца, а вие не сте“.

Се чини дека тој речиси се радува знаејќи дека нема да се соочи со судија: „Одамна ми беше кажано дека се затвори случајот на Меди бидејќи нема ни трошка доказ. Никогаш нема да има судење.

„Обвинителите ништо не и кажуваат на јавноста затоа што треба да ги дадат досиејата на моите адвокати и тие содржат многу материјали што ја потврдуваат мојата невиност.

Главната тема во сите негови писма – сите напишани на речиси совршен англиски јазик – е како тој е „прогонуван“ од страна на обвинителите и се жали на психолошки притисок што му се врши говорејќи дури за „тортура “.

„Не сум во позиција да го кажам вистинскиот третман што го добивам бидејќи немам соодветни зборови за тоа. Се разбира, сето ова се случува по наредба на БКА (германската криминалистичка полиција)“.

Брикнер го завршува своето писмо со уште еднаш протестирање дека е жртвено јагне и останува цврсто убеден дека времето на крајот ќе докаже дека е невин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот