Османи: Во Софија ќе го отворам прашањето за македонски културен центар во Благоевград

Бујар Османи на Медитеранска конференција на ОБСЕ во Јордан/Фото: МНР

Се разбира, покрај другите, утре ќе го покренам и прашањето за отворањето на македонскиот културен центар во Благоевград, сето тоа во функција на заемната промоција на културата во двете држави, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, во изјава пред Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, дадена по повод неговата посета на Бугарија и утрешните средби.

Шефот на дипломатијата наведе дека во рамки на посетата ќе оствари средби со неговиот бугарски колега Николај Милков, со бугарскиот премиер Галаб Донев, но и со лидерите на речиси сите парламентарни политички партии.

– Целта е да се одржи и да се надгради конструктивната атмосфера во односите меѓу нашите две држави изградени посебно во последните неколку месеци, спречувајќи ги обидите за „киднапирање на таа агенда од тие што не посакуваат добри односи помеѓу нашите две пријателски држави – нагласи Османи.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека правиот пат којшто треба да го следиме е преку институционалните механизми да се гради довербата помеѓу двете држави и помеѓу двете општества и градење на заедничката иднина во рамките на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот