Османи: Пропагандата против уставните измени, е пуштена на најако, без аргументи и без суштинска дебата

Бујар Османи
Бујар Османи / Фото: Фејсбук, Бујар Османи

Со видеото во кое ја опишував преговарачката рамка барав начин како да се излезе од пропагандниот чадор под којшто се влезени граѓаните, изјави вечерва минстерот за надворешни работи Бујар Османи и тврди дека пропагандата против уставните измени, е пуштена на најако, без аргументи и без никаква суштинска дебата.

Во интервју за тв Сител Османи кажа дека граѓаните се злоупотребуваат на емоции со цел политичките партии да профитираат што не е чесно.

-Јас се обидувам да излезам од таа врева, од таа галама на пропаганда која што е создадена да стигнам до граѓаните да им кажам дека не е точно ова што се зборува. Ние зборуваме за најважната тема во којшто излегувам и ги демантирам, ги рушам сите нивни столбови на нивниот наратив и не излегуваат да ме демантираат. А во однос на содржината ова беше уште еден пример како јас бев навреден, бев нападнат за сите можни причини, но ништо за содржината, ниту еден не излезе да каже не е така. Ниту еден не излезе да цитира една реченица од преговарачката рамка за да ме демантира, истакна Османи.

На прашање поврзано со членот 5, Османи посочува дека во општиот дел нема ниту писмен извештај, ниту гласање ќе има во ЕУ за тој процес.

-Значи едноставно констатираа дека Северна Македонија има еден билатерален договор со Бугарија и со Грција, добрососедските односи се важни за прогресот, меѓутоа за тој член 5 нема да има писмен извештај. ЕК нема во ниту еден момент да каже до тука е степенот. Или пак земјите – членки да гласаат или пак Бугарија да каже дајте да видиме до каде е реализацијата и да гласаме по однос на реализацијата, рече Османи.

Во однос на примената на членот, тој вели дека ЕК реферира, што значи, нема да известува и тоа во стручната терминологија во ЕУ е многу важно бидејќи нема да има писмен извештај.

-Што значи писмен извештај? Ова што го добиваме ние секоја година во која што точно се квантификува и се квалификува до каде е реализацијата на одредено аки. За членот пет нема да има писмен извештај, нема да има гласање во ЕУ. Ова е клучната порака која што се обидувам да им ја кажам на граѓаните, рече Османи.

Се разбира, додава тој, добрососедските односи ќе се ценат.

-Ние ако сме во лоши со еден сосед, членка на ЕУ, се разбира тоа е пречка за напредокот. Меѓутоа нема да има точка на дневен ред во ЕУ во којшто ќе биде Договорот со Бугарија, Договорот со Грција, прегледите од член 12, нема да има такво нешто. И тоа е многу важно. Затоа велам дека тоа плашење на граѓаните, дека Договорот ќе биде филтер односно скалило како што јас ги нарекувам во видеото, нема да биде дел од скалилата низ кои ние се качуваме за да влеземе во ЕУ, вели Османи.

Министерот за надворешни работи тврди дека нема да има писмен извештај, нема да има гласање по однос на Договорот со Бугарија, но додава дека Бугарија може да најде алиби да го кочи процесот и да се повика на друго нешто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот