Османи: Преговарачката рамка на ЕУ ќе биде објавена на 9 или 10 јуни

Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, најави денеска од Штип, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, потенцирајќи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка.

Османи нагласи дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на Преговарачката рамка, земјите членки ќе ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус.

– Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, туку повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција. Но, се координираме, ние си ги утврдивме нашите државни  позиции, за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме, истакна Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот