Османи: Погрешно е претставено дека музејот е на УЧК, Ахмети беше само гостин

Ахмети, музеј Сопот, Фото: Фејсбук Ахмети

Потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи тврди дека погрешно бил претставено дека музејот во Сопот е на УЧК. Според него, музејот е изграден на семејно, односно приватно земјиште и дека лидерот на ДУИ Али Ахмети таму бил во својство на гостин, а партијата нема никаква врска со организацијата и изградбата на објектот.

-Според моите информации, не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј кој што одбележува настан од 1944 година кога се убиени шеесетина селани од Сопот. Ахмети таму беше гостин и сите прашања треба да ги упатите до организаторите. Според мои информации, тие велат дека тоа е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да им одаде чест на соселаните, но ние немаме никаков удел во тоа, само бевме поканети и претседателот Ахмети учествуваше – изјави Османи на новинарско прашање дали музејот на УЧК е изграден на приватно или на државно земјиште и кој ќе понесе одговорност за дивоградбата.

Музеј на ОНА, Сопот, Фото: Фејсбук Али Ахмети

Впечатливо е дека во музејот доминира иконографија на УЧК, а не на убиените жители од Сопот. Централно место во музејот зазема кадар на Али Ахмети во униформа на УЧК, како и  постери од Адем и Исмет Јашари и знамиња со амблемот на УЧК, иако Османи ги убедуваше медиумите дека музејот не е посветен на УЧК.

Премиерот Димитар Ковачевски вчер аизјави дека според негови информации музејот на УЧК е изграден на приватно земјиште. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по вонредниот инспекциски надзор изјави дека музејот е подигнат надржавно земјоделско земјиште и најави кривична одговорност и уривање на објектот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот