Османи: Патот на Македонија кон ЕУ поминува низ Софија

Министерот за надворешни работи, Бујар вели дека патот на Македонија кон Европската Унија поминува низ Софија.

„Вистина е. Одлуката се носи со консензус. Без одобрување на Бугарија не може да има одлука. Ние можеме само да сонуваме дека оваа одлука ќе биде донесена без одобрувањето на Бугарија. Тоа не може да се случи и затоа се залагаме да ги убедиме пријателите од бугарската страна дека Договорот кој го изградивме има добра основа за градење на нашите односи и за надминување на разликите. Тие имаат потреба од дополнителна гаранција дека ние нема да бегаме од договорот“, рече Османи во „Click plus“ на ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот