Османи: Моја работа е да притискам за датум, се трудиме тоа да биде 14 декември

Бујар Османи во утрински брифинг Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ се осврна на актуелните случувања во врска со можноста за отворање пристапни преговори на С. Македонија со Европската унија.

„Замислете, 10 часови траеше кризата во државата. Чекавме да видиме дали ќе падне Владата. Владата не падна, но тие 10 часа целиот фокус на големите ЕУ сили беше кон нашата земја. Нивниот интерес за Северна Македонија е голем. Сега сите работиме за добивање на датум за отпочнување на преговори“, порача Османи.

Тој вели дека мора да врши притисок насекаде, и во Брисел и во Скопје.

„Тоа е моја работа. Ние работиме на 14 декември да добиеме датум за отпочнување на преговори. Ако не биде тоа, може и на 15 декември, па може и на 16 декември Бугарија да го повлече ветото. Најкасно во јануари, очекувам да имаме нова Влада во Бугарија. Ние нашите обврски сме ги завршиле, но работиме сериозно сега на 14 декември да добиеме датум“, додава Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот