Османи го промовираше новиот Б6 формат – состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од регионот

Бујар Османи фото Архива

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва во Охрид, под мотото: „Мудро е да имаш добри односи со соседите, но вистинска победа е да ги имаш за пријатели”, ја промовираше новата регионална иницијатива „Б6″ и беше домаќин на првата неформална вечера на министрите за надворешни работи од регионот и нивните претставници.

-Намерата да се воспостави неформален „Б6″ формат на состаноци на министрите одговорни за надворешни работи беше за да се придонесе кон продлабочување на соработката и врските меѓу нас во областите на европската интеграција и областите од заеднички интерес. За да можеме да ги искористиме придобивките од засилениот политички дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан, ќе треба да ја интензивираме нашата меѓусебна координација за клучните области од заеднички регионален интерес, истакна Османи.

Како што соопшти МНР, останатите министри и учесници го поздравија формирањето на форматот Б6, карактеризирајќи го како  корисна рамка за нивна меѓусебна координација. Беше заклучено, да се состануваат неформално во редовни интервали – барем еднаш во семестар, стремејќи се да зборуваат со еден глас како регион наспроти ЕУ.

Османи, го иницираше отпочнувањето на неформалната платформа за политичка соработка– Балкан 6 (Б6), во формат на министри за надворешни работи, со цел продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот во области од заеднички интерес. Состанок, кој треба да прерасне во форум за поедноставна, брза и непосредна комуникација на министрите за надворешни од регионот ќе биде налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4, информираат од МНР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот