Ослободен тајландски заложник: „Хамас ги тепаа Израелците со електрични кабли“

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Работник од Тајланд, кој неодамна бил ослободен од заробеништво на Хамас, изјави дека израелските заложници со кои го држеле членовите на Хамас дури биле тепани со електрични кабли.

Веста ја пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на репортажата на Канал 12.

Заложниците, како што рече, имале малку за јадење – пита дневно, некогаш лименка туна што ќе ја поделат четворица, а понекогаш парче сирење. Иако биле во заробеништво повеќе од седум недели, тој вели дека им било дозволено да се тушираат само еднаш.

„Бевме со Израелците, а тие цело време беа чувани. Се однесуваа многу грубо со Евреите кои беа со мене, понекогаш ги тепаа со електрични кабли“, вели Тајланѓанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот