ОСЛОБОДЕН РУСКИОТ НОВИНАР КОМУ НАВОДНО МУ НАШЛЕ ДРОГА: Полицијата признала дека нема докази

фото:ЕПА

Кривичната постапка против рускиот истражувачки новинар, кој предизвика улични протести и обвиненија за недолично однесување на полицијата е отфрлена заради недостаток на докази, објави рускиот министер за внатрешни работи.

Имено Иван Голунов бил запрен од московската полиција на пат па во ранецот му биле најдени „лесни дроги“.

Му ги земале клучевите од станот и потоа додека тој бил три часа во полицискиот автомобил, полицијата во неговиот стан „нашла“ кокаин и вистинска мала лабораторија, па е обвинет за „дилање дрога“.

Во притвор му се слошило (претходно имал и полесен мозочен удар), лекар од Брзата помош кој е повикан констатирал потрес на мозокот и напукнато ребро, но во болницата во која е донесен со полиција, утврдиле само „хематом на грбот и модрица на окото“, па го отпуштиле. Судот во Москва на крај му одредил казна куќен притвор до почетокот на август на Голунов, а му е одземен и телефонот.

Тој е еден од најпознатите истражувачки новинари, кој ги следи малверзациите и корупцијата во политичките кругови и нивните врски со организираниот криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот