Осло со петгодишен пакет помош од 7,3 милијарди долари за Киев

Знамето на Норвешка / Фото: Профимедиа

Норвешката Влада соопшти дека планира петгодишен пакет помош за Украина во вредност од 75 милијарди круни (7,3 милијарди долари), како и дополнителна помош за другите земји погодени од конфликтот.

– Предлагаме Норвешка да даде обврзувачки и траен придонес за Украина. Предлагаме 15 милијарди круни годишно да ѝ се даваат на Украина за пет години, или 75 милијарди круни, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.

Пакетот годинава се очекува да биде за хуманитарна и за воена помош за Украина.

Конечниот износ на пакетот, сепак, може да биде променет од Парламентот, каде што Владата на левиот центар нема мнозинство и се потпира на поддршката од другите партии за усвојување закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот