Оркански ветрови во Бугарија, загинаа две лица

Откорнати дрвја низ Варна - Фотографија Метео Балкан

Две лица загинаа како последица на силниот ветер и врнежи од дожд и снег во централните и во источните делови на Бугарија.

Маж загинал во Софија откако врз неговото возило паднало дрво, на булевар во центарот на градот, а од откорната гранка загинала и жена во Варна.

Во овој град на брегот на Црно Море е прогласена вонредна состојба. Градските власти побараа од жителите да не излегуваат, освен во итни ситуации. Ветрот со брзина над 125 километри на час корнел дрвја и парчиња од фасади и покриви. Квартовите Аспарухово и Галата, како и други реони од градот останале без струја.

Аеродромот во Варна останал отворен, но многу летови се откажани или одложени. Патните делници од Варна кон Добрич и кон Русе биле непроодни поради снежни наноси, поради што многу возила останале блокирани.

Пожарникарски екипи реагирале и во Шумен, Добрич, Разград и во Бургас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот