„Оргазмичен јаз“: Зошто хетеросексуалните жени доживуваат помалку оргазми од мажите?

Фото: Pexels/Valeria Boltneva

Кога станува збор за доживување оргазам за време на сексот, постои голем јаз меѓу мажите и жените што е тешко да се игнорира, анализира Кејтлин Рајли во написот на „Јаху лајф“.

Според една студија од 2017 година, објавена од „Аркајвс оф секшуал бихејвиор“, 95 отсто од хетеросексуалните мажи обично или секогаш доживуваат оргазам за време на сексот, додека процентот на жените е значително помал – само 65 отсто.

Додека истражувачите ја спомнуваат оваа забележлива празнина, други студии сугерираат дека тоа не значи дека на овие жени им е потешко да постигнат оргазам – тие можат да го направат тоа сами.

Посебното истражување на повеќе од 800 студентки покажа дека 39 отсто од нив рекле дека секогаш доживуваат оргазам за време на мастурбацијата, додека само 6 отсто рекле дека секогаш доживуваат оргазам за време на секс со партнерот.

Всушност, истражувањата сугерираат дека жените не се задоволуваат само со пенетративен секс за време на сексот со мажите, што значи дека многумина воопшто не доживуваат оргазам со своите партнери.

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Зошто постои т.н. оргазмичен јаз?

Лори Минц, сексуален психолог и авторка на книгата „Да се биде клиторично писмен: зошто е важна еднаквоста во оргазмот и како да се постигне тоа“, проучувала зошто жените имаат помала веројатност да доживеат оргазам за време на сексот.

„Нашето културно незнаење се заснова на игнорирање и девалвирање на најсигурниот начин на женскиот оргазам, што е стимулацијата на клиторисот, и очекување од жените да доживеат оргазам на ист начин како што тоа го прават мажите, само преку пенетрација“, вели таа.

„Клиторисот, а не вагината е еквивалентен на пенисот. Во зависност од видот на студијата, може да добиете различни бројки, но во моето истражување, на 96 проценти од жените им била потребна стимулација на клиторисот, сама или во комбинација со пенетрација, за да доживеат оргазам. Само 4 проценти од нив доживуваат оргазам само од пенетрација“.

Иако е точно дека жените кои имаат секс со други жени почесто доживуваат оргазам, тоа не значи дека пенисот е виновен за неговиот недостаток. Минц ја префрла вината на „лошото сексуално образование“, бидејќи младите можеби се потпираат на порнографијата за да научат за задоволството и сексуалната интимност, што може да доведе до неточни прикази за тоа како жените постигнуваат оргазам.

Во порнографијата, жените најчесто доживуваат оргазам веднаш со самиот чин на пенетрација, без никаква предигра, што во реалниот живот кај повеќето жени не само што нема да доведе до кулминација, туку ќе резултира и со болка.

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Како нашата култура придонесува за оргазмичниот јаз?

Треба да се обидеме да ја надминеме идејата дека пенетративниот секс е единствениот вид секс помеѓу маж и жена, бидејќи, во културолошка смисла, тоа обично се цени.

„Зборовите секс и полов однос ги користиме како да се едно исто. Кога би го прецениле женскиот оргазам како што го преценуваме машкиот оргазам, предиграта би ја нарекле секс и постиграта – полов однос.. Женските гениталии ги нарекуваме вагина, а лингвистички го бришеме делот од себе што ни причинува најголемо задоволство, а тоа е клиторисот“, вели Минц.

Да се ​​стане „клитерично писмен“, односно да се внимава на клиторисот, без разлика дали станува збор за орален секс или рачна стимулација, е еден начин да се помогне да се премости јазот во оргазмот, според Минц. Таа додава дека јазот е најголем во промискуитетната култура, наспроти сериозните врски.

Сепак, без разлика дали имате секс со долгогодишен партнер или сосема нова личност, на жените не им е секогаш лесно да ги соопштат своите потреби во спалната соба. Сексуалната терапевтка Деб Лаино објаснува дека жените долго време биле обесхрабрени да го бараат она што го сакаат поради стигмата кон жените кои уживаат во сексот, нарекувајќи ги „лесни“ и други погрдни имиња за искажување на нивните желби.

„Жените треба да ги истражуваат своите тела и да се поврзат со она што ги прави да се чувствуваат добро на оваа тема. Промената на сексуалната култура, така што таа нема да биде фокусирана само на задоволување на мажот, туку и на задоволување на двете страни, може да им помогне на жените да го бараат она што им е потребно за да доживеат оргазам, без срам и вина“, вели Лаино.

Минц верува дека јазот во оргазмот е одраз на патријархатот и сексизмот.

„Тоа е толку длабоко вкоренето во самата структура на нашата култура што понекогаш не ни забележуваме“.

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Како да се премости јазот?

Д-р Лора Перди од американската Мрежа за онлајн поддршка за зачувување на сексуалното здравје, исто така, нагласува дека комуникацијата е од големо значење.

Нивното неодамнешно истражување покажа дека 39 отсто од луѓето не разговараат со својот партнер за тоа како подобро да постигнат оргазам.

Затоа таа препорачува комуникација пред, за време и после сексот, за секој подобро да ужива во своето сексуално искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот