Орце Камчев не е повеќе извршен директор на „Орка Холдинг“

Фото: Миа.мк

Бизмисменот Орце Камчев се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар објавени на 13.08.2019 година.

Тој се повлекол од директорското место, од извршен член на Одбор на директори, а станува член на  Неизвршен одбор заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. На негово место како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.

Од Неизвршниот одбор на директори се повлекуваат и мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева и Зорица Арсовска.

Инаку сите кои се повлекуваат од функциите се осомничени во случајот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Камчев се повлекува од раководните функции во компанијата во време на случајот „Рекет“ во кој се јавува како сведок и ги лице кое ги обезбеди доказите за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот