Орангутанката Сандра видела како луѓето ги мијат рацете, па почнала и таа (ВИДЕО)

Youtube

Една од најважните препораки за заштита од ковид-19 е темелното и често миење на рацете со сапун барем 20 секунди. Меѓутоа, ако ви е потребна подобра демонстрација за тоа, Центарот за големи мајмуни од Флорида има соодветно видео.

Снимката од орангутанката Сандра стана вистински хит на социјалните мрежи бидејќи таа се научила да ги мие раце.

Сандра била снимена како ги мие рацете, а од центарот велат дека орангутанката ги видела своите негуватели како го прават тоа, па започнала и таа.

„Дефинитивно ги триеше рацете подолго од 20 секунди, одлично завршена работа, Сандра“, напишале од центарот покрај симпатичното видео.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а многумина ѝ заблагодаруваат на Сандра за примерот што им го дава на луѓето што не ја практикуваат оваа најважна заштитна мерка – редовно и темелно миење на рацете.

Во јануари орангутанката го прославила својот 34-ти роденден, а негувателите по тој повод ѝ приредиле забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот