Општина Кисела Вода ги повикува заинтересираните да се пријават за традицијата, положување на Светиот Крст во базенот „Расадник“

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани што сакаат да земат учество во традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици да се пријават најдоцна до 18 јануари. Заинтересираните треба да се јават на  телефонскиот број: 078/207-687  и ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба, информира општината.

 

Како што информираат, настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари 2024год.

– Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари. И оваа година, манифестацијата ја започнуваме од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатиме кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот, стои во соопштението

За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда градоначалникот како и награди обезбедени од спонзори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот