Опозицискиот лидер во Сенегал доби дозвола од судот да се кандидира за претседател

Усман Сонко / Фото EPA-EFE/ALIOU MBAYE

Судот во Сенегал денеска пресуди дека лидерот на опозицијата Усман Сонко може да се кандидира на претседателските избори во февруари.

Народниот правобранител рече дека ќе се жали на пресудата со која на Сонко му се дозволува учество на изборите.

Би-Би-Си пишува дека Сонко бил отстранет од избирачкиот список во јуни затоа што бил обвинет за „расипување на младите“.

Тој тврди дека низата обвинувања против него биле со цел да се спречи неговата кандидатура за претседателската функција.

Неговите чести апсења во последните две години предизвикаа бурни протести, а властите ја распуштија неговата партија.

Сонко беше разрешен од функцијата даночен инспектор во 2016 година, потоа беше заменик, па градоначалник.

Тој ужива голема популарност меѓу младите во Сенегал.

Сонко беше трет на претседателските избори во 2019 година.

Меки Сал, кој е претседател на Сенегал од 2012 година, претходно најави дека нема да се кандидира за реизбор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот