Околу 7.800 тони прочистена радиоактивна вода испуштена од Фукушима

Фукушима нуклеарка / Фото EPA-EFE/EUGENE HOSHIKO / POOL

Третата етапа од испуштањето на прочистената радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот Океан заврши денеска, соопшти компанијата која управува со централата, објави Кјодо.

Како и со претходната, втора фаза на испуштање прочистена радиоактивна вода во океанот, Tokyo Electric Power Company Holdings ослободи уште 7.800 тони преработена вода. Тоа е направено преку подводен тунел, преку кој прочистена радиоактивна вода се внесува во океанот, на еден километар од брегот.

Планирано е до март следната година да се пуштат повеќе количества преработена вода од централата.

Јапонија тврди дека не е регистрирана радиоактивна контаминација на водите во областа на океанскиот брег во близина на нуклеарната централа Фукушима. Сепак, Кина и Русија воведоа ограничувања за увоз на риба и морски плодови од Јапонија.

Властите во Токио планираат да испуштат во Тихиот океан вкупно 1,34 милиони тони прочистена вода од нуклеарната централа Фукушима, која пропадна поради силниот земјотрес во март 2011 година и последователното цунами што го опустоши североисточниот брег на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот