ОЈО за случајот за малата Тамара ќе назначи нов обвинител

Тамара Димовска

Обвинителството информира дека не се повлекува од случајот за малата Тамара, откако претходно обвинителката Наташа Гоџовска побара изземање од предметот и веќе не го застапува пред суд.

– Ве известуваме дека јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек – велат од ОЈО.

Доктори и членови на првостепенета и второстепенета комисија кои го донеле и потврдиле негативното решение за лекување во странство на Тамара, вкупно 12 обвинети се за несовесно работење во службата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот