Обвинителката се повлече од предметот за смртта на Тамара

Тамара Димовска

Јавната обвинителка која го застапуваше обвинението против лекари и екс директори на Фондот за смртта на малата Тамара Димовска денеска го информираше Судот дека се иззема од предметот, а денешното судење беше одложено. Осум годишната Тамара Димовска почина во 2015 чекајќи операција на рбетот во странство, објави Новатв.

Обвинителката Наташа Гоџовска денеска не се појави на рочиштето, само телефонски го известила судијата Марин Станевски дека нема да го застапува обвинението.

За несовесно работење во службата обвинети се 12 лица – доктори и членови на првостепенета и второстепенета комисија кои го донеле и потврдиле негативното решение за лекување во странство на Тамара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот