ОЈО нуди „застареност“ за Кежаровски, тој пак бара слобода

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Мене не ми треба преименување на обвинението. Мене ми треба ослобидителна постапка. Ова ОЈО што го прави, сега се радуваат во МВР, со емоции во судница изјави новинарот Томислав Кежаровски, еден од неколкумината обвинети во случајот „Ликвидација“.

Токму за овој предмет ОЈО во денешната постапка побара од судот да констатира дека кривичните дела кои ги сториле да се прогласат за застарени дела.

Случајот „Ликвидација“ се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше. Вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.

Меѓу осудените беше и новинарот Томислав Кежаровски, кој првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци која потоа му беше намалена на 2 години затвор. Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот.

Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а потоа беше во домашен притвор.

Во овој случај осудени беа и Иле Танев, Валентин Зафиров, Ивица Ефремов, Борис Николовски и Сашо Лазаревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот