Охрид полн и во октомври (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Веќе одамна заврши летната сезона во Охрид, но нашиот најголем туристички центар е посетен од туристите.

Екипата на Слободен Печат денеска забележа голем број на туристи, но претежно странци кои се дојдени да ги видат убавините на нашиот бисер и покрај тоа што е есен.

– Навистина сме фасцинирани од овој град. Немаме зборови, како од природните убавини, така и од богатата историја. Тука ќе бидеме три дена и мислам дека ќе видиме се – вели еден турист од Хонг Конг.
Секаде низ чаршијата можеше да се слушнат секакви странски јазици и можеше да се разбере од нивните очи дека се импресионирани од тоа што го гледаат.

– Бевме на Тврдината, па на Плаошник и Канео и многу ни се допадна. Утре планираме да одиме со брод до Свети Наум и да погледнеме и таму што има – ни изјави еден турист од Германија кој тука е со својата сопруга и уште неколку пријатели.

Погледнете како изгледа Охрид во октомври:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот