Официјално: Луис Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Фото: твитер

Како што и се најавуваше, тоа денеска и се потврди, Луис Суарез (33) во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на Атлетико Мадрид.

Уругвајскиот интернационалец потпиша договор на две години со „јорганџиите“ после успешните лекарски прегледи направени во петок.

Суарез досега ги бранеше боите на Барселона во чии бои настапуваше од сезоната 2014/15. Со каталонскиот клуб еднаш ја освои Лигата на шампионите, по четирипати „Ла Лига“, „Копа дел Реј“, а по еден трофеј има и од Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот.

Уругваецот е третиот најдобар стрелец во историјата на Барса со 198 голови во 283 натпревари. Само Лионел Меси и Сесар Родригез имаат повеќе погодоци.

Во кариерата беше дел уште од екипите на Насионал, Гронинген, Ајакс и Ливерпул.

Меси ја критикуваше Барселона: Ништо повеќе не ме изненадува!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот