ОФИЦИЈАЛНО: Баражот Македонија – Косово повторно одложен

фото: ffm.mk

УЕФА очекувано повторно ги одложи бараж натпреварите од Лигата на Нациите кои носат пласман на Европското првенство, а меѓу нив е дуелот помеѓу Македонија и Косово.

Македонија и Косово во полуфиналето од Лигата на Нациите првично требаше да играат на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ но поради пандемијата на коронавирусот, натпреварот е одложен и презакажан за 4 јуни. Денеска УЕФА повторно го одложи натпреварите од Лигата на Нациите и тоа за за септември.  Според првичниот план, натпреварот треба да се одигра помеѓу 3. и 8. септември.

Причина за овој потег е што европската куќа на фудбалот сака прво да завршат натпреварите во домашните првенства, да се одиграат до крај Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а потоа на ред ќе дојдат репрезентативните настапи бидејќи и самото ЕП е одложено за идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот