Официјално: Стефан Спировски е нов фудбалер на ерменскиот Пјуник

стефан спировски
фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Ерменскиот фудбалски клуб Пјуник го ангажираше 32-годишниот македонски репрезентативец Стефан Спировски. Во својата кариера нашиот играч од средниот ред настапуваше за Пелистер, Вардар, Борац Чачак, Берое, Ференцварош, Хапоел Тел Авив, АЕК Ларнака и Мариупол. Негов последен клуб беше унгарскиот МТК.

Трипати беше шампион на нашата земја во 2015, 2016 и 2017 година, и еднаш во Суперкупот со екипата на Вардар, а во сезоната 2018/2019 го освои унгарскиот шампионат со Ференцварош.

Беше најдобар играч на Македонија во сезоната 2016/2017, а следната сезона испиша историја откако со Вардар се квалификуваше за групите во Лигата на Европа. А потоа се пресели во најтрофејниот клуб на Унгарија, Ференцварош.

Исто така неговиот клуб вели дека негови соиграчи во Вардар беа ерменските репрезентативци Ховханес Хамбарѕумјан и Тигран Барсегјан.

Во екипата на Пјуник настапува уште еден македонски репрезентативец Марјан Радески. Летово Пјуник успеа да обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на конференции, жрепката одлучи ерменскиот претставник да биде во групата „Х“ со Базел, Слован Братислава и Жалгирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот