Официјално: Кристијан Киву е нов тренер на Интер
По заминувањето на Симоне Инѕаги, италијанскиот фудбалски клуб веднаш назначи нов тренер. Кристијан Киву ќе ги води „нераѕурите“ до 30 јуни 2027 година.
Препорачано
Поранешниот романски фудбалер и досегашен тренер на Парма, 44-годишниот Киву е инаку екс член на Интер и тренер на помладите категории на овој славен клуб од МИлано.
Киву официјално потпиша договор со клубот од „Џузепе Меаца“ до лето 2027 година.
Киву во седум години како играч на Интер запиша 169 настапи, трипати ја освојуваше Серија А, двапати Купот на Италија и еднаш Лигата на шампионите.
– Подготвени за нови предизвици. Кристијан Киву почнува трето поглавје во својата историја со „Нераѕурите“. И тој го прави тоа со вредностите што отсекогаш го воделе: лојалност, жртва и неуморна работна етика – стои во соопштението на Интер.
A quick refresher 🖤💙#ForzaInter #WelcomeCristian pic.twitter.com/I2lUTBSTXM
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) June 9, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


