Официјално: Игор Тудор е новиот тренер на Лацио

фото: EPA-EFE/Neil Hall

Италијанскиот фудбалски клуб Лацио го соопшти она што се најавуваше деновиве, а тоа е дека нов тренер ќе биде поранешниот хрватски репрезентативец Игор Тудор.

По заминувањето на Маурицио Сари, Тудор практично веднаш излезе како фаворит за таа позиција. Не е невообичаено, има искуство со работа во Италија, одлично се претстави во Верона, а работеше и во клубови каде што има голем притисок, како Хајдук и Олимпик од Марсеј.

Тудор официјално потпиша договор со римските „небесно-сини“ на 18 месеци.

Сари по одличната минатата сезона во која тимот го освои второто место е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, а од неа испадна во реваншот од осминафиналето против Баерн.

Тудор останува да се обиде да го однесе Лацио во Европа, бидејќи римскиот тим е на деветтото место, со два бода помалку од седмопласираниот Наполи. Иако, можеби осмото место ќе води во Конференциската лига, каде Фиорентина моментално е со бод повеќе од Римјаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот