Официјално: Џерард е новиот менаџер на Астон Вила

Стивен Џерард во обид да ја врати Астон Вила на победничките патеки во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/Martin Sylvest

Раководството на англискиот великан од Вила Парк реши да му врачи отказ на 50-годишниот Дин Смит после пет последователни порази во Премиер лигата.

Англиската фудбалска легенда Стивен Џерард повторно е во Премиер лигата, овој пат во тренерските води, односно денеска е промовиран како нов менаџер на Астон Вила.

Интересно е тоа што токму Смит е најголемиот кандидат за преземање на шкотскиот великан Ренџерс, кој Џерард го врати на врвот на шкотскиот фудбал.

Џерард ја започна својата менаџерска кариера во 2017 година во младинските категории на Ливерпул, каде што ја помина целата своја кариера како фудбалер.

Но, тој остана таму кратко време затоа што не можеше да го одбие повикот од Ренџерс од Глазгов. Тој минатата година успеа да ги врати Ренџерс на врвот на шкотскиот премиерлигаш и да ја освои титулата по една деценија после огромните проблеми во клубот.

Сега Џерард ќе има уште една сериозна задача, а тоа е да го извлече поранешниот европски првак од резултатската криза и да се обиде да го направи тимот од Бирмингем конкурентен за врвот на табелата во англиската Премиер лига.

Моментно Астон Вила е на 16 позиција со 10 бодови, само два помалку од Барнли кој е во опасната зона за испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот