„Оејзис“, Фил Колинс и Шаде се меѓу новите членови на Рокенрол куќата на славните
Фил Колинс, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Квин Латифа, „Оејзис“, Шаде и „Џој Дивижн“/„Њу Ордер“ ќе бидат примени Рокенрол куќата на славните во ги објави новите членови за 2026, заедно со првпат номинираните „Ву-Танг Клан“ и покојниот соул и аренби-пејач Лутер Вандрос, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Списокот беше објавен во понеделник навечер во Соединетите Американски Држави, за време на емитување на емисијата „Американски идол“. За да можат бидат номинирани, уметниците морале да имаат издадено прво комерцијално издание најмалку 25 години претходно, а биле избрани со гласање од повеќе од 1.200 уметници, историчари и професионалци од музичката индустрија.
Фил Колинс, веќе е во „Куќата на славните“ како член на групата „Џенезис“, има хитови како „In the Air Tonight“ и „One More Night“, и има освоено осум награди „Греми“, вклучително и албум на годината во 1985 за „No Jacket Required“.
Соул-џез вокалистката Шаде, која исто така беше номинирана и во 2024 година, е позната по песни како „Smooth Operator“ и „The Sweetest Taboo“.
„Ву-Танг Клен“ се сметаат за револуционери во рап музиката од нивниот влијателен деби албум од 1993 година „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“.
„Ајрон Мејден“, кои претходно беа номинирани двапати, помогнаа во развојот на новиот бран на британски хеви метал со албуми како „The Number of the Beast“.
Вандрос, кој има продадено повеќе од 25 милиони албуми и има хитови како „Here and Now“ и „Any Love“, почина во 2005 година и беше инспирација за песната „Luther“ од Кендрик Ламар и СЗА.
Оваа година „Куќата на славните“ го слави звукот на Манчестер, со примање на пост-панк пионерите „Џој Дивижн“ и „Њу Ордер“ – кои делат поголем дел од истите членови – како и брит-поп бендот „Оејзис“.
Били Ајдол, исто така Англичанец, донесе панк енергија во поп музиката со песни како „White Wedding“ и „Rebel Yell“.
Свеченото примање ќе се одржи на 14 ноември во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес.
Номинираните кои оваа година не беа избрани вклучуваат Мараја Кери, Лорин Хил, „INXS“, Мелиса Етериџ, Џеф Бакли, Пинк, „Њу Едишн“ и Шакира.
Покрај категоријата изведувачи, „Куќата на славните“ ги признава и придонесите во три посебни категории: рано влијание, музичка извонредност и наградата „Ахмет Ертегун“ за не-изведувачи.
Категоријата „рано влијание“ оваа година ќе им оддаде почест на Квин Латифа, кубанската пејачка Селија Круз, нигерискиот музичар Фела Кути, раперот ЕмСи Лајт и кантри рокерот Грам Парсонс.
Категоријата „музичка извонредност“ ќе ги награди текстописецот Линда Крид и продуцентите Ариф Мардин, Џими Милер и Рик Рубин.
Повеќе од 50 години по неговата смрт, Ед Саливан, легендарниот водител на истоимената ТВ емисија, ќе влезе во „Куќата на славните“ со наградата „Ахмет Ертегун“, како признание за емисијата што беше отскочна штица за многу музички ѕвезди во 1950-тите и 1960-тите години и помогна во рушење на расни бариери во американската забава.
Фил Колинс откри дека е под постојан медицински надзор: „Телото ме предаде“


