Одложено судењето на кумановката Филиповиќ која прегази пешак во Скопје
Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да се суди на кумановката Гордана Филиповиќ која на почетокот на 2022 година прегази пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.
Препорачано
Причината за одложувањето беше отсуството на адвокатот на Филиповиќ, кој морал да присуствува на друго рочиште.
„Доставен е поднесок со барање за одлагање на рочиштето бидејќи бранителот на обвинетата е ангажиран во предмет од организиран криминал како бранител во кој предмет се обвинети поголем број на лица каде е предвидено изведување на голем број мат и вер докази”, информираше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.
Судијката посочи дека во меѓувреме одбраната изработила и сообраќајно техничко вештачење со кое ќе ја докажува невиноста на возачот.
„Има листа за докази на одбраната која се предлага за изведување. Во прилог на листата на докази доставено е материјален доказ сообраќајно техничко вештачење, како и фотографија во боја”, додаде Илиевска Јосифовиќ.


