Одложен натпреварот меѓу Арсенал и Ливерпул во Карабао Купот

Ливерпул има големи проблеми со повредени и позитивни фудбалери на ковид-19/фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Првиот полуфинален натпревар од англискиот Карабао (Лига) куп помеѓу Арсенал и Ливерпул е одложен поради големиот број на позитивни фудбалери на коронавирус како и повредени играчи кај „црвените“. Со одложувањето на натпреварот кој требаше да се игра утре, Ливерпул ќе ја загуби предноста на домашен терен бидејќи новиот термин за одигрување е 20 јануари и ќе се игра на „Емирати“. Натпреварот на „Енфилд“ ќе се игра според првичниот план, на 13 јануари.

Ливерпул вчера го затвори тренинг центарот во Киркби откако во последната рунда на тестирања имаше неколу позитивни на коронавирус. Жоел Матип, Роберто Фирмињо се веќе во изолација бидејќи веа позитивни на ковид-19 уште минатата недела, додека повредени се Минамино, Ориги, Елиот и Тијаго Алкантара, а Садио Мане, Мохамед Салах и Наби Кеита ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации. Позитивен на корона е и менаџерот Јирген Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот