Одбележани 19 години од смртта на македонскиот бранител од 2001 Оливер Китановски во Башино Село

Оливер Китановски заедно со своите колеги  како припадник на специјалната единица на МВР „Тигри” во безбедносните сили во конфликтот во 2001, ја вршел својата законска должност.

Велешкото Здружение на бранители учесници во воениот конфликт 2001-2002 „Бранител” денеска во велешко Башино Село пред спомен плочата во негова чест, одбележа 19 години од смртта на Оливер Китановски  македонскиот бранител од 2001, кој загина на само 21 година, како припадник на специјалната единица на МВР „Тигри”.

Присутните делегации на здруженија на бранители од Велес и Прилеп како и припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон со едноминутно молчење во негова чест  му се поклонија на македонскиот херој од поновата македонска истрија и  положување на букети свежо цвеќе.

Драган Петрушевски претседател на Здружението на бранители „Бранител” потсети дека како и секоја година по трагичниот  јуни 2001 и годинава по 19 пат се поклонуваат пред неговата спомен плоча со слика поставени од велешкото Здружение на борци,  сред село во неговото родно Башино Село.

-Целта ни е да му оддадеме достојна почит и да се поклониме на неговата жртва за Македонија и жртвите на останатите македонски бранители загинати бранејки ја Македонија во воениот конфликт од 2001-2002. Оливер како и останатите македонски бранители нема никогаш да го заборавиме и тој секогаш ќе живее во срцата на сегашните и идни генерации Македонци, потенцира Петрушевски.

Тој  потсети дека Оливер Китановски заедно со своите колеги  како припадник на специјалната единица на МВР „Тигри” во безбедносните сили во конфликтот во 2001, ја вршел својата законска должност.

Потсети дека Оливер Китановски  беше тешко ранет во воените дејствија во селото Арачиново на 23 јуни 2001 година, а после пет дена на 28 јуни во болница за жал  им подлегна на повредите и почина на само 21 година.

Оливер Китановски беше погребан на гробиштата во неговото родно Башино Село на 29 јуни 2001.

Во чест на овој македонски бранител чии име е запишано со златни букви во поновата македонска историја никогаш да не се заборави,Советот на Општина Велес во ноември 2011 година, именува една велешка улица Оливер Китановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот