Фото: Профимедиа

Од влегувањето во ЕУ, секој Австриец е побогат за 16 отсто

Дваесет и пет години по пристапувањето во ЕУ, Австрија, благодарение на членството во Унијата, побогата е за 16 отсто, покажува проценката на економскиот институт Вифо.

Со пристапувањето кон ЕУ секој Австриец ќе има 1000 шилинзи повеќе (73 евра), беше ветувањето кое им беше дадено на грашаните пред 25 години, но во реалноста сликата е попозитивна.

– Австријците сега можат да си дозволат 16 отсто повеќе, што немаше да биде случај ако Австрија не беше членка на ЕУ – проценува Институтот.

Благодарејќи на Источна Европа, Австрија можела повеќе да профитира од Финска и Шведска, кои во исто време пристапија кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот