ОД СТАН МУ ИСЧЕЗНУВАЛЕ РАБОТИ: Поставил камери, а кога го видел видеото, веднаш повикал полиција (ВИДЕО)

Кога Џо Камингс забележал дека скоро секој ден му недостасува храна од неговиот фрижидер решил да преземе нешто во врска со тоа. Прво ја обвинил својата девојка, но таа рекла дека нема никаква врска со тоа.

Купил камера и ја поставил на скриено место во кујната. Не траело долго и ја открил причината за исчезнувањето на неговата храна. Оваа сцена е како од хорор филм. Се испоставило дека во вентилациониот систем од неговиот стан веќе неколку недели живее непозната девојка со низок раст.

Кога го видел видеото Камингс излегол надвор и ја повикал полицијата. Девојката според негово тврдење не зборела додека ја одвеле од станот, никогаш не ја видел претходно, а себе си направила мала скривница во вентилацијата.

Редовно ја јадела неговата храна, мокрела во неговиот мијалник и се враќала во вентилација. Како што вели веројатно се протнала во станот низ прозорецот и решила тука да остане. Полицијата му рекла дека ова не им е прв ваков случај.

Неговата приказна за само три дена ја виделе преку милион и пол луѓе, а тој се колне дека се е вистина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот