Од север кон нашата територија се спушта студен бран: Нови врнежи, голем пад на температурите и силен ветер

Пороен дожд/ фото МИА

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час). Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 30 степени, додека во вечерните часови значително ќе започнат да опаѓаат и до утре изутрина истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели.

Променливо и свежо време со северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе засилува ќе се задржи и утре како и во вторник, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. Додека температурите ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено свежо (истите ќе бидат пониски од нормалните за 5 до 10 степени). Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени, додека наутро истите на повеќе места ќе паѓаат и под 10 степени.

Сепак поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето ќе имаме од среда па натаму.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот