Од септември нема да има учебници за странски јазици
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска најави дека од септември нема да има учебници за странски јазици. Како што вели таа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.
Препорачано
„Јазикот е жив, знаете дека децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странски за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.
Министерката соопшти и дека се укинува пролетниот распуст, откако Министерството за образование и наука во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и учениците да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во изминатата учебна година, а одговорите на родителите и повозрасните ученици покажале дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има.


