Фото: Wikimedia commons

Измамниците со лажни лекари и сообраќајки досега однеле 60.000 евра од битолчани

Битолското обвинителство се огласи околу разработената шема на измами на граѓани со телефонски повици за лажни сообраќајни несреќи. Случаите се поврзуваат со телефонски броеви од Романија, велат од Обвинителството.

Во последните два-три месеци во Битола и околината биле измамени над десет граѓани, од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се евидентирани веќе шест слични случаи.

„Во сите предмети начинот на извршување е сличен. Оштетени се обично повозрасни лица кои добиваат телефонски повик дека некое ним блиско лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за сложена операција. Втората верзија на лажни факти која измамниците им ја претставуваат на дел од оштетените е дека нивен близок предизвикал сообраќајна несреќа со тешки последици и дека парите се потребни за да се избегне затворска казна“, соопштуваат од ОЈО Битола.

Оштетените биле доведени во заблуда и исплашени за своите блиски, па се согласувале лично на рака да исплатат различни суми пари – од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, златен накит и вредни предмети. Парите жртвите им ги предавале на различни локации во Битола, на луѓе кои измамниците ги ангажирале преку оглас на Фејсбук. Тие луѓе потоа со парите оделе во Бугарија и таму му ги предавале на „мозокот“ на измамата, велат од ОЈО. До овој момент Обвинителството поднело обвинение само против четворица од овие помагачи на измамниците, кои се гонат како соизвршители.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот