Плажа „Елафониси“ / Фото: Flickr / OneTwoTrip Travel Expert

Од 10 најубави плажи во светот, четири се во Европа

Од осамен мексикански остров, до розовите песоци на Крит, патниците избираат рајски дестинации низ целиот свет. Кога станува збор за најдобрите плажи во светот, корисниците на TripAdvisor најмногу го пофалија островот Исла Пасион во Мексико. Овој мал остров покрај брегот на Козумел е осамен и до него може да се стигне со десетминутно возење со брод, што го прави совршен избор за оние што бараат целосна релаксација и мир. Островот е познат по прекрасните песочни плажи и тиркизното море и изгледа како рај на Земјата.

Второто место на листата на најубави плажи беше плажата Елафониси на Крит, Грција. Оваа плажа е позната по розевиот песок, поради што многумина ја нарекуваат Малдиви на Европа. На листата се наоѓа уште еден грчки претставник – лагуната Балос, која исто така се наоѓа на Крит.

Листата на 10-те најубави плажи во светот за 2026 година вклучува дестинации од сите континенти, а најмногу се од Европа – вкупно четири. Покрај двете грчки плажи, своето место меѓу најубавите го најдоа и Праја де Фалесаха во Португалија и плажата Ла Пелоса во Сардинија, пишува Каматица. Најубавите плажи за 2026 година според корисниците на TripAdvisor се :

Исла Пасион, Козумел, Мексико,

плажа Елафониси, Крит, Грција,

Лагуна Балос, Крит, Грција,

плажа Игл, Аруба, Праја да Фалесија, Ољос де Агуа, Португалија,

плажа Банана, Пукет, Тајланд,

заливот Ла Хоја, Сан Диего, Калифорнија, САД,

Ла Пелоса, Сардинија, Италија,

плажа Менли, Сиднеј, Австралија и

Боулдерс Бич, Колонија Пингвин, Симонс Таун, Јужна Африка.

Овие плажи се избрани врз основа на извонредни кориснички критики и оценки, а листата вклучува дестинации кои комбинираат природна убавина, егзотика и уникатни искуства за патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот