Обвинение за дилер на „мара“ од Скопје

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Сто триесет и три грама марихуана е најдена во куќа на 39-годишен скопјанец. Тој вчера од Јавното обвинителство заработи обвинителен акт за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Според наведеното во обвинението, дрогата му била спремна за продажба, а до судија на претходна постапка ОЈО поднело барање за  продолжување на притворот кој претходно му бил определен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот