ОБНОВЕНО Се самоуби синот на Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс- градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека денеска во 09.50 часот во полициската станица Делчево од Итната медицинска помош во Делчево било пријавено дека во атар на село Звегор, делчевско бил пронајден починат А.З.(23).

Од Јавното обвинителство го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење. Телото е предадено на обдукција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот