Облак: Нема да биде лесно, но дојдовме по трите бода!

Македонската фудбалска репрезентација в четврток од 20.45 часот против Словенија ќе го игра седмиот квалификациски натпревар, што е многу важен за пласман на континенталниот собир во 2020 година.

На денешната прес конференција, првиот репрезентативен голман на Словенија, Јан Облак има пофалби за нашата репрезентација, и воедно истакнува дека задачата нема да биде лесна.

– На првиот дуел пред нашите навивачи Македонија се покажа како една силна репрезентација, која има добар тим, индивидуалци. Не остваривме резултат каков што посакувавме на тој дуел (1:1). Затоа сега се надеваме дека в четврток ќе биде поразлично и покажеме многу повеќе. Знаеме дека нема да ни биде лесно. Македонија игра дома, атмосферата очекувам да биде одлична. Едвај чекаме да започне натпреварот. Се надевам дека на крајот ќе ги освоиме трите бода – вели Облак, чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид.

Прочитајте и...  Ќе има казни доколку угостителите покрај укажувањета продолжат да не ги почитуваат протоколите

Додаде играта на Словенија напредува од натпревар во натпревар, иако призна дека е променлива формата кај дел од играчите.

– Мораме да покажеме поголема желба за игра, за победа. Со „ладна глава“ да му пристапиме на мечот. Трпеливо да ја чекаме шансата, да не брзаме – додаде Облак.

Прочитај повеќе

Чурлинов со нов настап, Штутгарт повторно во трка за Бундеслигата

Слободен печат

Лотито среќен, повторно сонува шампионска титула!

Слободен печат

Силва: Мислам дека нашата борба би била историска! (ФОТО)

Слободен печат

Охридските „гладијатори“ ќе аплицираат за учество во Европа

Слободен печат

Македонците во Серија А наскоро на фудбалските терени

Слободен печат

Наместо во пензија, Лук Абало за „бум“ на ракометниот пазар

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шаркоски: Наше е да се спремиме, Работнички добро почна со новиот тренер

„Карамелите“ ќе купувaат од Интер!?

Слободен печат

„Комити“: Дајте ни лиценца, играме на најубав стадион на Балканот!

Слободен печат

И не е така лошо да се биде резерва на Реал (ВИДЕО)

Слободен печат

Познат датумот за продолжување на Премиер лигата!

Слободен печат

Пандевци и фудбалерите на Борец се тестираа на коронавирус

Слободен печат