Објавени тајни од спалната соба на Меланија и Доналд Трамп (ФОТО)

profimedia

Меланија Трамп се смета за една од најтаинствените, најтивки и највнимателни први дами кои САД ги имале.

Она што Меланија го докажа е дека знае да „се среди“ за фотографите, ја користи тишината во своја корист и знае да „турка“ напред како жена на еден од најконтроверзните претседатели во американската историја. Поединостите за она што се случуваше зад затворените врати на Белата куќа сега се достапни во јавноста во книгата „Free, Melania: The Unauthorized Biography“ на авторката Кејт Банет, новинарка на Си-ен-ен, која поминала години следејќи ја Меланија.

Аферата „голи фотографии“ и кој е виновен

Меланија наводно знае кој ги објавил нејзините разголени фотографии од нејзината рана кариера како фотомодел, пишува во биографијата. Осомничен е Роџер Стоун, долгогодишниот соработник и советник на Доналд Трамп.

youtube
Youtube

 

Авторката наведува дека Меланија одбива да верува дека нејзиниот сопруг ги вмешал прстите во тоа.

Фотографиите во 2016 година, три месеци пред изборите беа објавени во New York Post. Во тоа време Стоун немал службена улога во кампањата на Трамп, но останал близок со него, а се верува дека сè е исценирано за да се одврати вниманието на јавноста од прашањето за американскиот војник кој бил убиен во Ирак во 2004 година, и со чие семејство Доналд Трамп бил влезен во расправија.

Навистина не спијат заедно

Авторката Кејт Банет во книгата открива дека Меланија има сопствена и посебна спална соба во Белата куќа. Резиденцијата на претседателскиот пар е огромна и изнесува околу 2.500 метри квадратни, но нивната слобода е ограничена.

Без допуштање на агентите од Тајната служба тие не смеат да отворат прозорец, не можат да прошетаат по тревникот без тој дел да се „затвори“ и да се обезбеди“, а дури и температурата е регулирана од страна на безбедносните служби.

Youtube

Затоа единствена работа на која првата дама може да влијае е нејзиниот сопствен простор за спиење, а изворите откриваат дека таа преферира самотија и не само што не спие со Доналд во иста соба, туку нејзината соба се наоѓа и на друг кат.
Според Бенет, Меланија спие во соба на третиот кат, каде што живеела мајката на Мишел Обама кога Барак Обама беше претседател на САД. Трамп спие во главната спална соба на првиот кат. Се чини дека Меланија со тоа му пружа отпор на својот сопруг, бидејќи наводно токму таа е таа што одбива, пишува Бенет.

Извор кој дал интервју за US Weekly рекол: „Тие секаде имаат одвоени соби. Никогаш не го поминуваат времето заедно, баш никогаш“.

Бенет пишува и дека Трамп немал одвоени соби со претходните две сопруги.

Колкава моќ всушност има Меланија?

Меланија е многу помоќна од што се мисли, смета Бенет, која тоа тврдење го поткрепува со примерот во кој постарата советничка за безбедност, Мира Рикардел, се обидела да влијае на персоналот на Меланија во текот на нејзиното патување во Африка.

Бидејќи претседателот не реагирал, првата дама едноставно и без преседан дала изјава: „Став на канцеларијата на првата дама е дека таа (Рикардел) веќе не ја заслужува честа да служи во Белата куќа.“ Истиот ден Мира Рикардел била отпуштена.

Доналд Трамп, според извори блиски до парот, често се потпира на мислењето на сопругата, како во политиката, така и во начинот на кој управува со својот персонал. Каде и да се наоѓа, со Меланија разговара повеќепати на телефон, пренесувајќи ѝ ги случувањата и консултирајќи се со неа.

Profimedia

Околу плагираниот говор

По говорот на републиканската национална комвенција, кој вклучувал и делови од говорот на Мишел Обама, Меланија Трамп била надвор од себе. Сфатила дека испаднала „глупава“ и се оптоварувала со вината што не внимавала повеќе. Говорот го напишал вработен во организацијата на Трамп кој очигледно не мислел дека некој ќе ја препознае кражбата на речениците изговорени осум години порано.

Прво куче?

Трампови навистина размислувале да си набават куче во Белата куќа, а иако Доналд не е баш љубител на домашни миленици, со тоа сакал да ѝ удоволи на Меланија и на нивниот син. Меланија ги истражувала расите на кучиња, но на крај се одлучила да не го прави тоа, иако постои веќе 30-годишна традиција дека претседателскиот пар треба да го има и „првото куче“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот